28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДознајте која маана е најдобра за работата

Дознајте која маана е најдобра за работата

Едно од „најпипавите“ прашања во текот на разговорот за работа е „Кои се вашите најголеми маани“, а работодавците се почесто гo сервираат во различни верзии.

Џејмс Рид, директор на една британската компанија за советување при вработување и автор на книгата „101 прашање на разговорот за работа, од кои повеќе нема да се плашите“, вели дека не сме должни на нив да одговараме. Но, знаеме дека во таа ситуција не е баш мудро да кажеме „дојдов на разговор за работа, а не да зборуваме за мојот приватен живот“, па затоа треба да прејдете на план Б.

Рид вели дека во тие моменти треба да останете ладни и на себе си да си препишете некоја најчеста човекова маана, која нема да има никакво влијание на работата. Поприлично добар одговор е тврдоглавоста, која често поминува и како добра особина. Веднаш можете да наброите и неколку „вистински“ добри особини, со споменување на примери од претходното работно место, кога тие позитивно влијаеле на вашите резултати.

Рид појаснува дека повеќето работодавци поставуваат вакви прашања затоа што сакаат да ги утврдат границите на потенцијалните работници и да ги откријат најскриените маани. Интересен совет даде и Лари Бодин, уредник на страницата lawyers.com. Тој предложува оние похрабрите да одговорат со контра-прашање во стилот? „Тоа е интересно прашање. Зошто ми го поставивте тоа прашање? или „Со задоволство ќе ви одговорам на тоа прашање, но можете ли да ми кажете како тоа е поврзано со работата“.

Играјте на сигурно

Немојте да кажете: „Често се нервирам, кога нешто нема да испадне онака како што сум планирал“, туку малку модификувајте ја реченицата „Често се борам со перфекционизмот, но во последно време учам како смирено да ја завршам работата“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП