9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономските загуби во 2017-та скокнаа двојно за една година

Економските загуби во 2017-та скокнаа двојно за една година

Ураганите, земјотресите и шумските пожари го уништија светот во 2017-та година, како што прават и секоја година. Но, економските загуби од глобалните катастрофи оваа година ќе бидат повисоки од вообичаеното, коментира „Quartz“.

Швајцарската осигурителна компанија „Swiss Re“, покажува дека економските загуби во 2017-та година ќе достигнат 306 милијарди долари, што е речиси двојно повеќе од 188-те милијарди долари во 2016-та година (и многу над десетгодишниот просек од 190 милијарди долари).

Гледајќи ги трендовите на економските загуби од 1970-та година, светот треба да се подготви за уште поголеми во иднина:

Оваа година, САД беа погодени од најмоќните урагани во последните 12 години. Ураганите, „Харви“, „Ирма“ и „Марија“, се проценува дека придонеле 93 милијарди долари на годишните економски загуби од глобалните катастрофи. Шумските пожари во Калифорнија, кои продолжуваат да беснеат, ќе зголемат уште 7 милијарди долари. И бурите во централните и источните држави во САД ќе додадат уште 2,5 милијарди долари. Економските загуби го сочинуваат економското работење, ако катастрофата не се случила.

Само економските загуби од природни катастрофи можат да ја нарушат нашата перспектива за она што светот го претрпел. Причината е дека побогатите земји, по дефиниција, ќе забележат поголеми економски загуби од посиромашните земји. Податоците, на пример, не ги земаат во предвид дека катастрофалните поплави во Јужна и Југоисточна Азија во 2017-та година доведоа до 1.200 смртни случаи и десетици илјади луѓе кои ги загубија своите домови.

Освен тоа, иако најголем дел од загубите се резултат на „природни“ катастрофи, тие ги вклучуваат и ефектите од климатските промени предизвикани од човековите активности. Знаеме, на пример, дека со порастот на просечната глобална температура, ураганите, поплавите и шумските пожари ќе станат почести. Како тоа ќе влијае на економските загуби е тешко да се процени.

Економските загуби во изминатите 40 години јасно покажаа дека светот се движи кон растечки деструктивни времиња. Најдоброто осигурување против нив е да се бориме против климатските промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП