19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Нова година – нови насмевки“ на 30-ти и 31-ви декември на Сквер...

„Нова година – нови насмевки“ на 30-ти и 31-ви декември на Сквер Јадран

Кристина, Тамара, Некст тајм и Ај кју ќе ги забавуваат центарци, но и сите жители на Скопје и добронамерници на хуманитарната новогодишна забава.

Под мотото „Нова година – нови насмевки“, општина Центар и годинава на 3и и 31 декември на Сквер Јадран нуди богата програма за децата, повозрасните и младите.

„Среќен сум што како градоначалник успеавме со донации да понудиме богата програма за сите жители од 7 до 77 години. Прославата ќе има хуманитарен карактер. Затоа, ги повикувам сите во убава атмосфера да си посакаме среќа и радост во новата 2018 година, но и да ја покажеме својата хуманост донирајќи за 16-годишно момче кому му треба итна операција за пресадување коскена срцевина во Италија“, рече градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Во 12 часот на 30 декември предвидена е детска програма, а во 16 часот „Улица Новогодишни желби бр.2018“, ќе биде место на потсетување на добро познатото скопско корзо. Од 20 часот почнува музичката програма со ДЈ Гоце Саф, ТХЦФ од Белград и ДЈ Страјк.

Во последниот ден од 2017 година во 12 часот на Сквер Јадран ќе биде организиран новогодишен турнир во шах, а од 21 часот почнува забавата со Некст тајм, Ај кју, Тамара и Кристина Арнаудова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП