1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинескиот БДП до 2020 двојно поголем

Кинескиот БДП до 2020 двојно поголем

Во периодот од 2018 до 2020 кинескиот БДП треба да расте со годишна стапка од 6,3 проценти за да се реализира целта од двојно зголемување на БДП од 2010 година.

Тој раст би требало да биде остварен до 2020 година, изјави Јанг Веимин.

„Судејќи според моментално предвидените перформанси не постојат никакви поголеми препреки во постигнувањето на наведената цел“, изјави Јанг Веимин, заменик шеф на канцеларијата на централната водечка група за финансиски и економски прашња, во текот на форумот за економија.

Пред пет години Кина до 2020 одлучи двојно да го зголеми БДП во споредба со 2010 година, како и приходот по глава на жител, како важни компоненти од тоа да стане умерено просперитетно друштво во сите погледи.

Во три квартали од 2017 година БДП се зголемил на 6,9 проценти, што е повеќе од владината цел од околу 6,5 проценти за цела година.

Во извештајот кој е изнесен на 19-тиот Национален конгрес на Комунистичката партија на Кина, двојното зголемување на БДП не е спомнато, што покажува дека Кина нагласокот го става на квалитетот на развојот, а не на брзиот развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП