9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкспертите очекуваат уште повеќе инвестиции во инфраструктурата во 2018-та

Експертите очекуваат уште повеќе инвестиции во инфраструктурата во 2018-та

Инвестициската активност во инфраструктурниот сектор е исклучително силна во 2017-та година во споредба со 2016-та година. Извонредно силната активност и движењата на капиталот се очекуваат и за 2018-та година.

Според една неодамнешна студија, институционалните инвеститори остануваат привлечени кон инфраструктурата поради подобар профит и поврат.

Најпосакувани се проектите за обновлива енергија, големите комунални претпријатија кои продаваат портфолија на средства, транспортна инфраструктура и така натаму.

Растечката поврзаност и побарувачката на податоци ќе го стимулираат развојот на придружната инфраструктура, како што се оптичките мрежи и телекомуникациските кули. Ова е нова можност за инвеститорите во инфраструктурата.

„Постои растечка потреба од нова или надградена транспортна инфраструктура за поддршка на економскиот раст“, се вели во извештајот. Голем број европски земји започнаа јавни-приватни проекти за развој на нови транспортни шеми. Меѓу нив се Норвешка, Германија, Холандија и Шпанија.

Повеќе од половина (55%) од инфраструктурните компании известуваат дека сега има поголема конкуренција од пред 12 месеци за спроведување на проекти. Најголемите институционални инвеститори, исто така, ја зголемуваат нивната директна инвестициска активност и се повеќе се натпреваруваат со инфраструктурните фондови за средствата.

„Како што може да се очекува, оваа зголемена конкуренција доведе до високи и растечки рејтинзи, што е најголем проблем со кој се соочува оваа класа на средства“, велат експертите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП