28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе крие зад Накамото: Блогерите велат дека знаат кој стои зад биткоинот,...

Се крие зад Накамото: Блогерите велат дека знаат кој стои зад биткоинот, а она што го откриле воопшто не е пријатно! (видео)

Мистериозниот човек, познат како Сатоши Накамото, кој се верува дека е изумител на биткоинот, би можел да биде најбогат човек на планетата.

Кога биткоинот почна одеднаш да расте, проценка беше дека Накамото „тежи“ околу 17 милијарди долари, па така, според новите вредности на оваа криптовалута и предвидувања за тоа колку долго ќе може да расте, „таткото“ на биткоинот би можел да стане лидер меѓу милијардерите во светот.

Сепак, останува главното прашање – кој се крие зад овој псевдоним?

Затоа интернет корисниците одлучија да откријат за кого станува збор, а многумина од нив веруваат дека Накамото неодамна прв пат се појавил јавно.

Помладите не можеа да го препознаат, но постарите веднаш знаеја за кого се работи. Тоа е еден од најголемите руски измамници, Сергеј Мавроди.

Имено, Мавроди е креатор на досега најголемата направена финансиска пирамида во Русија која беше активна од 1992-ра до 1994-та година. Со нејзиниот колапс, околу десет милиони луѓе останаа финансиски оштетени. Се смета дека тој се стекнал со околу 15 милијарди долари преку измама.

Поради измамата на милиони луѓе, Мавроди беше осуден на само четири и пол години затвор. И покрај сè, во октомври 1994-та година, тој беше избран за член на Думата, Парламентот. 15 години откако тој сензационално прогласи банкрот, Мавроди го објави лансирањето на „МММ-2011“ на својот блог во 2011-та година.

Во тоа време, тој се обиде да спроведе неколку пирамидални шеми во неколку земји, а неговата желба беше да се прошири кон Европа и Западот.

Со оглед на големите скокови и падови кои биткоинот ги имаше само во изминатата недела, блогерите и разните форуми веруваат дека сето тоа е неверојатно слично на добро познатите шеми на Мавроди.

Сепак, останува да се види дали ова е навистина точно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП