27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенеска ни претстои сончево и топло време

Денеска ни претстои сончево и топло време

Времето денеска ќе биде сончево со мала до краткотрајна умерена облачност поголема на североистокот, која до крајот на денот ќе се намали. Преку денот ќе биде релативно топло за овој период од годината. Ќе дува претежно слаб северен ветер, а температурата ќе се движи од 7 до 16 степени.

Во Скопје исто така ќе биде сончево со мала облачност. Ќе биде и релативно топло, а ќе дува слаб северен ветер. Температурата ќе достигне до 14 степени.

До среда ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време за овој дел од годината. Од вторник до четврток наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а преку денот ќе има мала до повремено умерена облачност претежно на западот. Од четврток наутро ќе има зголемена облачност и од запад ќе започнат врнежи од дожд поинтензивни на запад, а потоа и на исток.

На високите планини овие врнежи ќе бидат од снег. Во петок врнежите ќе се помали, но ќе е постудено па слаб снег ќе има и на повисоките места особено на северозападот и северот од земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП