20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатолиците го слават Божиќ - денот на Христовото раѓање

Католиците го слават Божиќ – денот на Христовото раѓање

Божиќ е втор најголем празник во христијанството, по Велигден. Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, вклучувајќи ги сите католички, протестантски и повеќето православни цркви, го прославуваат на 25 декември. 

Со вечерата на денот пред Божиќ (Бадник) завршуваат предбожиќните пости.

Празнувањето на Раѓањето Христово се појавува уште во почетокот на христијанството, најверојатно во апостолскиот период. Апостолските правила одредуваат ден за празнување на Раѓањето Христово (25 декември), покажувајќи ја смислата на тој празник за Црквата: „Внимавајте браќа, првиот празник меѓу празниците е Рождеството Христово.“

Времето кое му претходело на Рождеството Христово било исполнето со длабоко чувство за едно безгранично зло. Во секој момент се чувствувала несигурноста на тоа време. Светот пред Христовото раѓање наликувал на добро изорана нива, подготвена да го прими семето на вечниот живот – начелото на идниот век.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП