13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДополнителни 7 милиони евра годишно за земјоделците според новиот Закон за персонален...

Дополнителни 7 милиони евра годишно за земјоделците според новиот Закон за персонален доход

Со усвојувањето на измените на Законот за персонален доход, сите оние земјоделци на кои земјоделството им е основна дејност и имаат приход до еден милион денари во тековната година, персоналниот данок кој во текот на годината им се задржува, ќе им биде вратен во целост, соопшти СДСМ.

„Со новиот закон, 65.000 земјоделци на почетокот на секоја година на својата сметка ќе добијат износ еднаков на задржаниот данок. На овој начин кај земјоделците ќе остануваат околу седум милиони евра повеќе. Дополнително, со измените на Законот земјоделците ќе бидат ослободени од административните трошоци, односно, земјоделците ќе бидат ослободени од обврската да поднесуваат даночни пријави, а тоа во нивно име ќе го прават откупувачите“ се наведува во соопштението од партијата.

Од таму додаваат дека ова е уште едно реализирано ветување кое се наоѓаше во програмата на СДСМ и кое предвидуваше земјоделците да бидат ослободени од паушално оданочување.

СДСМ, преку парламентарното мнозинство и владата што ја предводи, продолжува да работи отчетно, посветено и одговорно во спроведувањето на зацртаните мерки што носат квалитетен живот за сите граѓани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП