Во пресрет на празничните денови, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со потсетување до возачите за предвидените законски санкции за пијаните возачи и за влијанието на алкохолот врз способноста за управување со моторно возило.
„Следејќи ги искуствата од минатите години и навиките на возачите во периодот на новогодишните и божиќните празници, забележуваме дека бројот на возачи кои управуваат моторно возило под дејство на алкохол се зголемува.
Возењето во алкохолизирана состојба е една од водечките причини за предизвикување сообраќајни незгоди со загинати и со повредени лица. Многу крв и солзи се пролеват на улиците и патиштата, многу човечки животи згаснуваат, а многумина се здобиваат со трајни телесни повреди, како последица на сообраќајни незгоди предизвикани од пијани возачи.
Фактот дека е период на празници, време на веселби, прослави, After Work забави итн. не ги ослободува возачите од обврската да управуваат моторно возило под дејство на алкохол. Напротив, ова е период во кој возачите треба да ја покажаат на дело својата свесност и совесност. Возењето под дејство на алкохол е криминален и нехуман чин, спротивен на цивилизациските вредности на современото општество.
Нова Година и Божиќ е еднаш во годината и сите сакаат да ги поминат овие денови во позитивна атмосфера и во друштво со најблиските, најсаканите и најдрагите, предупредуваат од РСБСП.