4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАЗаборавете на балансот меѓу деловниот и приватниот живот

Заборавете на балансот меѓу деловниот и приватниот живот

Веќе некое време се зборува за тоа како е потребно да се пронајде баланс помеѓу приватниот и деловниот живот. Но дали тоа навистина е потребно?

Тоа во пракса значи дека би требало да работите вредно, но и да оставите време за семејството и работите кои ве прават среќни. Е па тој концепт е прилично неостварлив. Тоа го тврди докторката Елен Ландер од Харвард. Таа ја истражува психологијата и посебната состојба на нашата свест, среќата и задоволството и исполнетоста.

Лангер така смета дека самиот збор баланс укажува на тоа дека работата и животот се спротивставени нешта и дека немаат ништо заедничко. А тоа е погрешен пристап.

Затоа најдобро би било да се обидеме да ги поврземе тие работи подобро.

Нејзината идеја е едноставна но поприлично револуционерна. Докторката смета дека е неопходно да го промениме нашиот пристап и да сфатиме дека доколку се обидеме да ги раздвоиме приватниот живот и работата, нашиот живот најмногу ќе страда.

„Се почувствував слободно кога сфатив дека немора да бидам некој друг на работа“, вели Лангер.

Таа смета дека таквиот пристап го намалува притисокот и овозможува поголема ефикасност но и подобар живот. Еве и пример… Кога сте на деловен пат, доколку можете, понесете го и партнерот за заедно да го поминете слободното време таму. Поставете ги работите така што ќе ги сплотите деловниот и приватниот живот во едно и полесно ќе успеете да бележите успех и во едниот и другиот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП