27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо светот ќе има 7,6 милијарди луѓе во 2018 година

Во светот ќе има 7,6 милијарди луѓе во 2018 година

На почетокот на 2018 година ќе има околу 7,6 милијарди луѓе во светот, објави во петокот германскиот Институт за светско население.

Институтот очекува 7.591.541.000 луѓе да живеат на Земјата на 1 јануари 2018 година.

Минатата година, светското население се зголеми за 83 милиони луѓе, приближно колку населението во Германија.

Бројот на луѓе во Африка брзо ќе се зголеми во наредните децении, објави агенцијата.

Се очекува дека населението на африканскиот континентот ќе се зголеми од 1,26 милијарди на 2,53 милијарди до 2050 година, велат од институтот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП