3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовиот рекордeн буџет на Јапонија ja доведува во прашање финансиската дисциплина

Новиот рекордeн буџет на Јапонија ja доведува во прашање финансиската дисциплина

Кабинетот на јапонскиот премиер Шинзо Абе усвои рекордно голем буџет од 860 милијарди долари за фискалната 2018-та година, така што претпочита да го подржува одржливото заздравување на економијата со агресивни парични стимулации и да ја остави во заден план фискалната реформа, пренесоа агенциите.

Утврдените трошоци за следната финансиска година, која започнува на први април, изнесува 97,7 илјади милијарди јени (860 милијарди долари) – најголемата сума досега, и малку над предвидените за оваа година трошоци од 97,5 илјади милијарди јени, прецизира министерството на финансии.

Буџетот, кој е на рекордно високо ниво веќе шеста година по ред расте поради сè поголемите социјални трошоци за се постарото население и поставените рекордни средства за одбрана во позадината на тензиите во регионот, поврзани со Северна Кореја.

Неподготвеноста за намалување на трошоците ја намалува сенката врз волјата на Абе за поддршка на фискалната реформа. Неговата администрација се потпира на раст за зголемување на даночните приходи и намалување на новото задолжување, како и политиката на централната банка за да помогне да се намалат високите трошоци за сервисирање на огромниот јавен долг.

Очекуваните даночни приходи за фискалната 2018-2019 година изнесуваат 59,1 илјади милијарди јени, што е највисока вредност од финансиската година од 1991-ва година, кога беше период на имотен балон. Реалната стапка на раст е 1,8 проценти, а номиналната е 2,5 проценти во следната година.

Очекуваните големи даночни приходи дозволуваат да се сведе ставање на нови обврзници до 33,7 илјади милијарди јени, па така соодносот на државниот долг во однос на бруто домашниот производ (БДП) станува 34,5 проценти, што е доста повеќе отколку кај другите развиени економии.

Владата ќе потроши 23,3 илјади милијарди јени за сервисирање на долгот, што е околу една четвртина од буџетот, дури и ако каматата биде зачувана на рекордно најниско ниво од 1,1 проценти благодарение на политиката на негативната камата, која ја води централната банка.

Освен буџетот за следната година, кабинетот на Абе одобри дополнителен буџет за оваа финансиска година со уште трошоци од 2,7 илјади милијарди јени и дополнително пуштање на обврзници во вредност од 1,2 илијади милијарди јени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП