28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина воопшто нема среќа - и Европа и го затвора гасот

Украина воопшто нема среќа – и Европа и го затвора гасот

Словачка ги суспендираше испораките на гас наменети за Украина поради неплатениот долг на Киев од пред 10 години.

Словачка е најголем добавувач на гас во Украина откако таа земја престана да купува гас директно од Русија.

Долгот на Киев датира од 2007 година кога не го платил италијанскиот добавувач на гас. Бидејќи Украина не е во можност да плати 21 милион долари, италијанската компанија му се обрати на Европскиот суд кој наложи суспендирање на испораките на гас за украинскиот државен гасен гигант Нафтогаз.

Во ноември 2015 година Украна престана да купува руски гас директно. Наместо тоа, земјата започна да купува испораки на рускиот гас од Европа. На почетокот, Киев тврдеше дека европскиот гас е поевтин, но подоцна Нафтогаз призна дека Газпром нудел попривлечни цени од европските добавувачи.

Испораките од Европа во Украина се всушност истото гориво кое Газпром го продава на земјите од источна Европа по пониски цени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП