Во рамките на четвртиот по ред „Граѓански парламент“, градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, вчера во големата општинска сала пред граѓаните, НВО-секторот и другите граѓански здруженија презентираше како ќе биде распределен буџетот предвиден за 2018 година, кој треба да изнесува 1.135.906 денари.
Граѓаните можеа да предлагаат и свои идеи и сугестии каде и како најдобро и најпотребно треба да се распределат општинските пари за идната година.
„Пред граѓаните го изнесов предлог-буџетот за 2018 година во рамки на ‘Граѓанскиот парламент’, како што и претходно беше моето ветување. Тие може да ги кажат своите мислења и проекти што мислат дека треба да влезат во новиот буџет. Нивните забелешки ако имаат реални можности за реализација ќе бидат внесени во буџетот. Ова е одлична шанса и самите граѓани да учествуваат во креирањето на тоа како ќе се трошат нивните пари“, истакна Илија Јованоски. Овој предлог-буџет во вторник, на 26 декември, ќе биде изнесен на седницата на Советот на Општина Прилеп.