3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвештајот за штетите од ланските поплави помина на Влада

Извештајот за штетите од ланските поплави помина на Влада

Владата го разгледа Извештајот за процена и утврдување на висината на штетата на недвижниот и движен имот на правните лица на подрачјата на скопскиот и тетовскиот регион од невремето и поплавите во август 2016 година.

Извештајот на Комисијата за вршење проценка на штетите на недвижен и движен имот во подрачјата зафатени со силно невреме и поплави во скопскиот и тетовскиот регион во наведениот период е проследен до Министерството за финансии за натамошна постапка.

На вчерашната седница на Владата се усвоени повеќе предлог програми за измени и дополнувања на програмите на повеќе министерства, јавни претрпијатија и акционерски друштва во сопственост на државата со цел алокација на финансиски средства во ставки и позиции за кои е остварлива реализацијата на буџетот за 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП