8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДо јуни продолжена кризната состојба на јужната граница

До јуни продолжена кризната состојба на јужната граница

Со одлука на Собранието, до 30 јуни следната година е продолжен рокот за постоење кризна состојба поради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Македонија.

Парламентот ја изгласа одлуката со 60 гласа „за“ во рамки на денешната 26. седница.

Со носењето на одлуката се обезбедува континуитет во вршењето на активностите од страна на силите на АРМ и безбедносните сили на МВР во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП