27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп ги потпиша даночните реформи - "компаниите прославуваат, им даваат бонуси на...

Трамп ги потпиша даночните реформи – “компаниите прославуваат, им даваат бонуси на работниците”

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша измени во даночниот законик за што републиканците ветуваат дека ќе биде во користат на средната класа.

Демократите предупредуваат дека законот ќе биде штетен за земјата.

Законот е најзначајната промена во американскиот даночен систем во последните неколку децении, пишува The New York Times и рече дека Трамп имал големи потешкотии во текот на првата година од мандатот да спроведе дел од предизборните ветувања.

Пред потпишувањето на законот, Трамп  објави на Твитер дека компаниите го слават донесувањето на законот со давање бонуси за вработените, пишува американскиот весник.

Имаше гласови во Конгресот и Белата кои предлагале да се одложи потпишувањето на законот за почетокот на следната година со цел намалувања на трошоците, а некои компании тврдат дека тоа ќе им овозможи повеќе време за да се адаптираат на промените.

Трамп истовремено потпиша акт кој овозможува привремено финансирање на Владата на САД и со тоа избегна блокирање на нејзината работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП