27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБелорусија ги легализира криптовалутите

Белорусија ги легализира криптовалутите

Белорусија ги легализира трансакциите со криптовалути како дел од напорите да се промовира растот на приватниот сектор и да привлече странски инвестиции, според информациите на „Ројтерс“.

Декретот на претседателот Александар Лукашенко предвидува даночни олеснувања и правни стимуланси за трговијата со дигитални валути. Така тој прави обид да ја претвори Белорусија во меѓународен технолошки рај, дополнува „Bloomberg“.

„Владата на Белорусија ќе е првата во светот која се отвора пред можностите за користење на блокчејн технологијата“, коментира Лукашенко во соопштението на својата веб страница. Според неговата одлука сите приходи и добивки од користењето на дигитални валути ќе бидат ослободени од даноци до 2023-та година.

Според зборовите на Лукашенко промената ќе овозможи странскиот капитал да дојде во Белорусија и да работи во комфорни услови.

Биткоинот – најпопуларната криптовалута во светот, изгуби една третина од вредноста во оваа недела, откако на 17-ти декември достигна рекордна цена од 20.000 долари. Приврзаниците на биткоинот ги отфрлат предупредувањата дека валутата е нестабилна и велат дека таа е почеток на нов монетарен систем, што не зависи од централните банки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП