24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТевдовски: Македонија ќе мора да се задолжува поради големите и скапи кредити...

Тевдовски: Македонија ќе мора да се задолжува поради големите и скапи кредити на претходната власт

Новиот министер за финансии, Драган Тевдовски на собраниската говорница објасни дека Македонија ќе мора да се задолжи во странство поради враќање на стари долгови. Според него, државата во 2018 година ќе мора да се задолжи 40.9 милијарди денари. Според министерот за финансии, тоа ќе се реализира со издавање на еврообврзница, но и со задолжување на домашниот пазар на државни хартии од вредност.

„Граѓаните треба да знаат дека државата треба да биде подготвена и за враќање на големи и скапи кредити, веќе идните години. Во 2020 и 2021 година, Македонија ќе треба да врати 925 милиони евра, стари долгови“, рече Тевдовски.

Во Дополнетиот предлог буџет кој го испрати Владата, прифатени се амандмани од комисиската расправа во македонското Собрание и со нив направени се зголемувања на финансиските средства за гасификација во висина од 120 милиони денари, кај блок донациите за градинки, основни и средни училишта и културни установи за 200 милиони денари, кај Фондот за здравство за 100 милиони денари и кај Инспекторатот за животна средина за 10 милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП