5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо реакција на граѓаните Град Скопје постави столпчиња пред Министерството за правда

По реакција на граѓаните Град Скопје постави столпчиња пред Министерството за правда

На барање на граѓаните, Град Скопје денеска започна да поставува столпчиња пред Министерство за правда. Идната недела ќе биде ограден и остатокот од тротоарот на овој потег во центарот на Скопје.

Ваквата активност на Градот доаѓа откако на социјалните мрежи почнаа да се објавуваат фотографии на кои се гледа дека службеното возило на министерот за правда, Билен Салији, е паркирано на самиот тротоар. Станува збор за фан-страницата на Фејсбук, „Пријави загадувач“.

Граѓаните му пишаа на министерот дека не само неговиот туку на тротоарот секојдневно се паркираат и возила на други вработени во Министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП