28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо излегувањето од ЕУ, Британците ќе ги вратат старите пасоши

По излегувањето од ЕУ, Британците ќе ги вратат старите пасоши

Откако нивната земја ќе излезе од Европската Унија, Британците поворно ќе го вратат стариот изглед на пасошите кои биле со препознатливи темносини корици.

Министерот за имиграција, Брендом Луис, изјавил дека враќањето на стариот пасош и начинот на кој Велика Британија преговара за условите за напуштање на ЕУ ќе предизвикаат задоволство кај оние што гласаа за брегзит, но и за оние што беа за тоа земјата да остане во рамките на ЕУ.

„Излегувањето од ЕУ ни дава единствена можност да го обновиме нашиот национален идентитет и да орвориме нов пат во односите со светот“, истакнал Луис.

Британските пасоши со децении имале темносини корици, но дизајнот беше променет во 1988 година.

Според информациите, пасоши со новиот изглед ќе започнат да се издаваат од октомври 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП