28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританската економија изненади со повисокиот раст

Британската економија изненади со повисокиот раст

Британската економија порасна за 0,4 отсто во третиот квартал од 2017-та година, во споредба со 0,3 отсто во претходниот квартал, објави „tradingeconomis.com“, осврнувајќи се на конечните статистички податоци. Потрошувачката на домаќинствата се зголемува со повисока стапка.

На годишна основа, стапката на раст на економијата на Велика Британија се забрза на 1,7% во третиот квартал, над првично очекуваните 1,5%.

„Пред една година очекувавме дека невработеноста ќе порасне во 2017-та година, но таа е на 42-годинишниот минимум. А претпоставките се дека економијата на земјата ќе престане да расте, се покажа како претерување, бидејќи стапката само забави“, коментира Иан Стјуарт, главен економист во „Deloitte“, цитиран од „The ​​Gardian“.

Трошоците за домаќинствата се зголемија за 0,5%, по само 0,2% раст во вториот квартал. Сепак, стапката на раст на деловните инвестиции останаа непроменета на 0,5%. Владината потрошувачка е намалена за 0,2%. Индустриското производство, од своја страна, успеа да забележи зголемување од 1,3%.

Стапката на штедење се намали на 5,2% во третиот квартал од 2017-та година, во голема мера како резултат на зголемувањето на трошоците на домаќинствата во износ од приходите на домаќинствата.

Увозот на стоки во кварталот се зголеми за 1,7% главно поради горивата и машините и транспортната опрема. Британскиот трговски дефицит се зголемува за 16 милиони фунти на 7,83 милијарди фунти.

Од гледна точка на производството, услугите се главниот придонесувач за растот на БДП-то, додавајќи 0,3 процентни поени за севкупниот раст на економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП