3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПреку родово одговорни буџети еднакви можности за мажите и жените

Преку родово одговорни буџети еднакви можности за мажите и жените

„Единствен начин да покажеме дека нашата заложба за родова еднаквост е вистинска, а не декларативна, е буџетите да станат родово одговорни“, изјави министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на тркалезна маса на тема „Стратегија за воведување на родово одговорно буџетирање – 5 години потоа“.

Според Царовска, мора да има системска поддршка од страна на сите засегнати страни, институции, меѓународни и граѓански организации за унапредување на родовата еднаквост во нашата држава бидејќи буџетите и натаму не се унапредени во насока на обезбедување на еднакви можности за жените и за мажите. Таа нагласи дека за доследно спроведување на овој процес и за создавање механизми за имплементација на родовата компонента постои силна поддршка од Министерството за финансии.

Според Доминика Стојаноска, раководителка на Канцеларијата на UN Women во Скопје, ова е прашање за праведен начин на распоредување на расходите, преку кој се надминуваат големите родови јазови. Затоа, во иднина, индикатори за мерење на достигнувањата во оваа област ќе бидат алоцираните средства, а не бројот на усвоени закони и друга регулатива, потенцираше таа.

Овој настан беше организиран во рамките на регионалниот проект за Промоција на родово одговорни политики во Југоисточна Европа, поддржан од Австриската развојна агенција и Швајцарската агенција за развој и соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП