17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсклучените домаќинства од парно од следната година нема да плаќаат паушал

Исклучените домаќинства од парно од следната година нема да плаќаат паушал

Владата денеска информира дека домаќинствата кои се исклучени од централното греење во Скопје, во наредната 2018 година ќе бидат ослободени од плаќање на паушалот кој во моментов го исплаќаат.

Од Владата наведуваат дека овој проблем е предвидено да биде решен во рамките на новиот предлог-закон за енергетика.

„Имено во подзаконските акти на Законот за енергетика кој ќе се воведе во текот на 2018 година се предвидени специфични решенија со кои во рамките на законската регулатива ќе се реши оваа наследена ситуација“, велат од Владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП