2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСугарески за следната година очекува целосно функционален автопат на Коридор 10

Сугарески за следната година очекува целосно функционален автопат на Коридор 10

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, денеска во Битола се обрати на форумот „Важност на Пан-европскиот коридор 10 Д за Република Македонија, Балканскиот полуостров и Европската Унија”.

„Република Македонија со својата географска позиција има стратешка улога во јакнење на економскиот раст на регионот преку развој на инфраструктурата на двата Коридори, 8 и 10. Искористувањето на таквата позиција покрај економските придобивки има и политичко значење во процесот на позиционирање на земјата како неизбежна транспортна рута. Затоа сметаме дека заокружувањето на инвестициите на овие Коридори се од клучно значење за целосна функционалност и оддржување на добрата кондиција на патната и железничката мрежа“, истакна министерот Сугарески.

Тој пред присутните ги презнетираше проектите што ги реализира Владата во делот на патната и желеничката инфраструктура на овој коридор. Притоа нагласи дека на среден рок, програмска определба на Владата е изградба и реконструкција на преку 700 километри патна мрежа.

„Многу значаен проект на кој во наредниот период ќе посветиме големо внимание е проширување на државниот пат Прилеп – Битола се до граничниот премин Маџитлија. Овој патен правец планираме да го изградиме на ниво на експресен пат, a во меѓувреме делот од Битола до Меџитлија ќе го реконструираме. Генерално, следната година очекувам да имаме целосно функционлаен Коридор 10 на ниво на автопат, а за две до три години да имаме и модерни патни правци на кракот 10 Д”, истакна министерт Сугарески пред присутните.

Тој побара од стручната јавност да се вклучи во креирање на националните политики за развој на патната и желеничката мрежа во Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП