6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНе правете ги овие иритирачки нешта во заедничката канцеларија

Не правете ги овие иритирачки нешта во заедничката канцеларија

Работењето во канцеларија во која не сте физички одвоени од колегата има свои предности, но и маани. Отворениот простор ја поттикнува комуникацијата и соработката, но истовремено предизвикува и фрустрации кај вработените кои тешко го поднесуваат фактот дека немаат приватност.

Сепак, некои правила за однесување можат на сите да им го олеснат денот. Основната култура наложува да го цените туѓото време. Како што морате да тропнете на нечија врата за да влезете во канцеларијата, така со исто почитување третирајте го и работниот простор на колегата.

Не го трошете вашето време така што ќе го „давите“ колегата или уште полошо ќе се потпирате или седите на неговото биро, истовремено правејќи хаос на него. И нормално ако на секоја ваша реченица колегата само гледа во својот компјутер треба да ви стане јасно дека не е расположен за дружење. Доколку јадете и пиете во истата просторија заедно, обидете се да не испуштате звуци, односно да не „сркате“ од кафето и да не „мљацате“ додека јадете.

Освен овие нешта, на вработените им пречи и телефонот кој гласно ѕвони или оној кој упорно ѕвони. Кога сте во канцеларија, намелете го тонот и приватните разговори обавувајте ги во ходникот. Ако не можете да излезете говорете тивко, не мора секој да знае што се случува кај вас дома. Од друга страна, не е пожелно да ги заќуткувате сите ако не можете да ја поднесете бучавата, купете си слушалки и пуштете си ја својата музика.

Уште една причина за кавга е температурата во канцеларијата. Сите сме различни, па ако вашата канцеларија нема централна клима, покажете флексибилност кога станува збор за разладување или затоплување на просторијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП