7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција ја ограничува продажбата на алкохол

Турција ја ограничува продажбата на алкохол

alkohol1

Турскиот парламент ја започна расправата за законот со кој се забранува рекламирање на алкохолот и се заоструваат ограничувањата за неговата употреба.

Владата на Турција инсистира да се воведе овој закон со цел да ги заштити младите лица од болестите кои се предизвикани од алкохолот, но секуларните партии предупредуваат дека овој закон исламистите го воведуваат исклучиво поради религиозни причини.

Доколку законот биде усвоен, ќе биде забранета продажбата на алкохол во близина на џамиите и училиштата, што значи дека илјадници локали ќе останат без дозволата за продажба на алкохол.

Исто така, ќе биде забрането и рекламирањето на алкохолните производи и за тоа ќе бидат предвидени остри казни.

Повеќето пратеници сметаат дека со усвојувањето на ваквиот закон, ќе се намалат голем број на штети кои се предизвикани од прекумерната конзумација на алкохолот, тие порачуваат дека ќе се подобри здравјето на граѓаните, ќе се заштитат децата од пороците а воедно и ќе се намалат сообраќајните несреќи , со што, на некој начин ќе се заштитат и животите на луѓето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП