28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСепаратистите победија на изборите во Каталонија, Европската унија не го менува својот...

Сепаратистите победија на изборите во Каталонија, Европската унија не го менува својот став

Европската унија нема да го промени својот став за Каталонија по изборите на кои партиите што се залагаат за независност.

„Нашиот став по прашањето за Каталонија е добро познат и често се повторува на сите нивоа. Тој нема да се промени“, изјави портпаролот на Европската комисија, Александер Винтерштајн.

Бидејќи станува збор за регионални избори, додаде тој, Европската комисија нема да ги коментира остварените резултати.

Врз основа на 99,8 отсто пребројани гласови, трите партии кои се залагаат за независност на Каталонија освоиле 70 места во парламентот на овој шпански регион кои брои вкупно 135 пратенички места.

Колку за потсетување, Европската комисија претходно одржаниот референдум за независност на Каталонија го прогласи за неуставен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП