28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто ќе прават Грците откако ќе истече спасувачкиот пакет на ММФ?

Што ќе прават Грците откако ќе истече спасувачкиот пакет на ММФ?

Грција и нејзините кредитори треба да разјаснат дали и под кои услови ќе биде „програма за поддршка од претпазливост“ за Атина.

За тоа треба да се одлучи кога ќе истече актуелниот спасувачки пакет помош во август 2018 година, порача грчката Централна банка во извештајот објавен денес.

„За да се консолидира довербата во среднорочен период, еднакво е важно… да се разјасни каква ќе биде формата на поддршка за грчката економија по спасувачката програма“, наведе централната банка на Грција, пренесува агенцијата Ројтерс.

Централната банка додава дека и понатака постојат ризици за домашната економија и банкарскиот систем, вклучувајќи го проблемот со лошите кредити на банките, забрзувањето на реформите и приватизацијата и решавањето на преголемиот јавен долг.

Во извештајот се повикува владата во Атина без одложувања да продолжи со спроведувањето на реформите во предвидениот спасувачки пакет помош и правовремено да го подготви заклучокот за завршената ревизија за програмата за помош.

Централната банка очекува раст на грчката економија од 1,6 проценти во оваа година, од 2,4 проценти во наредната и 2,5 проценти во 2019 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП