27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија има намера да завладее со 20 отсто од пазарот за течен...

Русија има намера да завладее со 20 отсто од пазарот за течен гас до 2035-та

Меѓу 2024-та година и 2035-та година на пазарот на течен гас ќе има недостиг од околу 200 милиони тони годишно и тоа е шанса за Русија, коментира во интервју за „Коммерсант“ рускиот министер за енергија Александар Новак. Според него, земјата би можела да учествува со 15-20% од пазарот за течен гас до 2035-та година. Во моментот е околу 4%.

Темата за развојот на проектите за течен гас биле дискутирани во почетокот на месецот, посочува Новак и додава дека некои од најважните проекти во таа насока се наоѓалиштата на полуостровот Јамал и Гидан каде резервите се проценуваат на околу 38 илјади милијарди кубни метри.

Предлог на претседателот Владимир Путин е дека развојот на овие проекти не е на сметка на цевчен гас.

Новак коментира уште дека се дискутираат и начините за транспорт на гасот, а еден од нив е развој на посебен пат по мраз затоа што наоѓалиштата се главно во арктичкиот круг. Развојот на овој пат по мраз може да се направи преку јавно-приватни партнерства, вели Новак.

На прашањето дали приватните инвеститори во еден ваков проект ќе бидат гасните компании, рускиот министер за енергија одговара дека добредојдени се секакви инвеститори.

Најголемата компанија за природен гас  во Русија е „Новатек“. Во нејзините пресметки до 2030-та година Русија може да произведе до 80 милиони тони течен гас годишно. Самата компанија верува дека може да држи дел од околу 2/3 од овој сегмент.

„Газпром“, исто така, размислува да основа независна компанија за справување со проекти за течен гас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП