28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД забележале најдобар последователен квартален раст

САД забележале најдобар последователен квартален раст

Американската економија во периодот јули-септември 2017 година пораснала по стапка од 3,2 проценти на годишно ниво, нешто побавно отколку што претходно беше проценето.

Меѓутоа тоа и понатака е доволно за да биде најдобрата последователна стапка на квартален раст во последните три години.

Американското Министерство за трговија соопшти дека благо ја ревидирало надолу стапката за раст во третиот квартал во однос на минатомесечната проценка од 3,3 проценти, пренесува агенцијата АП.

Промената е резултат нa нешто помалата потрошувачка на населението, што во извесна мерка го надоместило зголемувaњето на потрошувачката на државата и локалните самоуправи.

Сепак стапката од 3,2 проценти доаѓа по растот од 3,1 проценти во вториот квартал, што е прв пат од 2014 година во два последователни квартали растот да надмине ниво од 3 проценти.

Претседателот Доналд Tрамп ги истакна овие показатели како доказ дека неговата економска програма дава резултати. Многу економисти веруваат дека растот на бруто домашниот производ на САД во тековниот квартал би можел да достигне 3 проценти, па и повеќе, наведува АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП