1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтранските туристи се враќаат во Франција

Странските туристи се враќаат во Франција

Туристичките посети во Франција во 2017-та година се очекува да бидат рекордни благодарение на враќањето на странските туристи, претежно Јапонците и Американците, по две слаби години како резултат на нападите, пренесе „Франс прес“.

„Бројот на туристите веќе го надминува оној од пред нападите во 2015-та година и одиме кон рекорд на посети за годината“, сумираше Фредерик Валту, претседател на регионалниот туристички совет (CRT) на областа Ил-де-Франс, вклучувајќи го Париз.

Во првите десет месеци од 2017-та година, се најдобрите достигнувања за последните десет години според ноќевањата во хотели – 28,2 милиони во главниот град и во регионот. Ова главно се должи на странската клиентела, која никогаш не била толку бројна, според туристичкиот совет.

„Посетите на странски туристи се зголеми за 14,4 проценти од почетокот на годината, особено на Јапонците, кои се зголемија за 36 отсто, а и имаат голема куповна моќ. Голем беше бројот на Американци, кои се најголемиот контингент на странски посетители“, нагласува Фредерик Валту.

Туристичката канцеларија во Париз го потврди рекордот што е поставен за 2017-та година: главниот град ја поврати својата типична динамика по последиците од нападите во 2015-та и 2016-та година. Главно објаснување за овој пресврт е комбинацијата од враќањето на француските туристи, силно поттикнати од бизнис-туризмот, со множење на странски клиенти.

Во целата земја странските туристи се очекува да достигнат меѓу 88 и 89 милиони, објави пред неколку дена француското МНР, кое исто така го дефинира тоа како историски рекорд.

На француските хотелиери им беа потребни 18 месеци за да ги надминат последиците од терористичките напади, но 2017-та година ќе објави силно зголемување на посети, доближувајќи се до највисоките нивоа од пред кризата и со 4 поени повисок процент на вработеност – 68.2 насто, вели Вангелис Панајотис, управен директор на „MKG Consulting“.

Во хотелите од највисока класа, кои беа силно погодени од повлекувањето на странските туристи, резултатите се добри, иако се уште се под 73-те проценти од пред нападите во Париз, нагласува Кристоф Лор, претседател на индустријата на најпрестижните хотели во Унијата од хотелиерите „Umih“.

Вработувањето во луксузни хотели се зголеми за 5,5 отсто за една година на 68 отсто, додека просечните цени паднаа малку за 1 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП