Швајцарскиот концерн „Nestle SA“ може да ги продаде своите американски делови за производство на кондиторски производи („Butterfinger“, „BabyRuth“ и други) Поради намалената побарувачка на чоколада и насочување кон растечките сектори на производството на кафе и грижа за здравјето, соопштува „Bloomberg“.
Разделбата со американскиот огранок кој има приходи од околу 923 милиони долари во 2016-та година, ќе биде првата стратешка одлука на новиот извршен директор Марк Шнајдер. Тој ја презеде функцијата претходно во оваа година и има успешна кариера во фармацевтскиот и медицинскиот сектор.
Поранешниот шеф на „Fresenius SE“ е првиот странец кој ја презеде функцијата извршен директор на „Nestle“ по речиси еден век.
„Станува јасно дека „Nestle“ е премалку во производството на шеќер во САД“, изјави Алан Оберхубер, аналитичар на „MainFirst Bank AG“.
Со продажбата, компанијата ќе се раздели со брендови како „Raisinets“, „OhHenry !“, „100Grand“, „SweeTarts“, „LaffyTaffy“, „Nerds“, „Gobstopper“ и „Runts“.
Производителите на чоколада се обидуваат да се справат со послабата побарувачка во САД. Во март, „Hershey Co.“ објави планови за намалување на 15% од својата работна сила само шест месеци по одбивањето на понуда за купување од „Mondelez International Inc.“.
Во 2014-та година „Lindt & Spruengli AG“ стигнаа пред „Nestle“ и станаа трет по големина производител на чоколадо во Северна Америка со купувањето на „Russell Stover“. „Hershey“ и „Mars Inc.“ заедно контролираат повеќе од половина пазарот според податоците на „Euromonitor“ што остава пазарен удел за „Nestle“ од 8,4%.
Претходно Шнајдер изјави дека сака да ја стимулира стратегијата за здрави производи на компанијата и да се фокусира на едни од најбрзо растечките сектори – оние на кафето и храната за домашни миленици.
Од 2011-та година компанијата инвестира значителен капитал во научните случувања поврзани со здравјето, обидувајќи се да создаде поврзани со исхраната производи кои се борат со состојби како дебелината, проблеми со метаболизмот и Алцхајмеровата болест.
Во четвртокот, „Nestle“ рече дека почнале да го ревидираат нивниот бизнис со американски слатки откако продажбата во 2016-та година се намали четврта година по ред.
Но и покрај критиките на некои инвеститори и аналитичари дека компанијата се фокусираше на здравата исхрана, не треба да произведува шеќерни производи од „Nestle“ објавија порано оваа недела дека остануваат ангажирани со својот чоколаден бизнис во остатокот од светот. Ова особено се однесува на брендот „KitKat“, кој го дистрибуира „Hershey“ во САД.