„Windows 8“ официјално формираше нова категорија – огромен таблет, а за таа цел „HP“ го претстави „Rove 20“ таблетот или поточно голем екран со батерии со дијагонала од 20 инчи и тежина од 5.5 килограми.
„HP“ тврди дека „Rove“ може да издржи скоро 4 часа да се користи и дека со дополнителни додатоци може да се кориси како било кој друг компјутер.
„Rove“ поседува посебни шарки кои се извлекуваат на аглите и со тоа овој таблет може да се користи како монитор.
Таблетот поседува „IPS HD“ 1600 x 900 екран и 1 терабајт интерна меморија. Тој работи на „Intel Core i3m“ процесор, а на корисниците на располагање ќе им биде и „Intel HD“ 440 графика со до 16GB DDR3 RAM.
Се очекува неговата цена да изнесува околу 1000 долари кога ќе се појави на пазарот на крајот на јуни.