26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗHonda ќе враќа хибриден модел на пазарот

Honda ќе враќа хибриден модел на пазарот

Јапонскиот производител „Honda“ објави дека ќе го врати на пазарот на хибридниот модел „Insight“, чие производство беше прекинато пред три години поради лошата продажба. Прототипот на автомобилот ќе биде прикажан на Саемот во Детроит во јануари.

Компанијата, исто така, објави две слики од моделот, со што јасно е дека третата генерација на „Insight“ ќе биде со покос покрив. Претходната генерација на моделот беше хечбек со 5 врати. Новиот хибрид ќе биде повеќе премиум, бидејќи ќе се вклопи над „Civic“ во гамата на „Honda“.

Автомобилот ќе се напојува со нова хибридна единица со 2 електрични мотори. Техничките карактеристики на моделот не се објавени, но производителот наведува дека потрошувачката на гориво ќе биде на ниво на главни конкуренти на пазарот.

Претходната генерација беше опремена со 1,3-литарски бензински мотор со 98 КС, 10-киловатен електричен мотор, сет од никел-металнихидридски батерии и варијабилен пренос. Се продава во САД од 2009-та година, како најприфатлив хибрид на домашниот пазар.

Враќањето на новиот „Insight“ е дел од стратешкиот план на „Honda“ за проширување на опсегот на електрифицирани модели. Во 2030-та година, околу 2/3 од моделите на производителот треба да бидат хибриди или електрични автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП