Се појавија информации дека новата генерација на „Mercedes C class Coupe“ ќе се продава под името „CLK“, a исто така во понудата ќе се најде и „CLK Cabrio“.
Идната „CLK“ според најавите ќе биде поспортски модел од сегашната „C class Coupe“, а ќе го одликува и атрактивен стајлинг, пространа внатрешност, „MRA“ платформа, намалена тежина, како и делови направени од алуминиум (покрив, хауба,предни крила…).
Палетата на мотори би требало да содржи:
– 2.2 литарски CDI со четири цилиндри и со 125 kW/170KS, 150 kW/204KS и 170 kW/231KS.
– 1.6 литарски турбо мотор со четири цилиндри со 114 kW/156KS.
– 2.0 литарски турбо мотор со четири цилиндри со 135 kW/184KS, 155 kW/211KS и 185 kW/252KS.
– 3.0 литарски „twin-turbo“ V6 со 245 kW/333KS.
– 4.0 литарски V8 со 340 kW/462KS.
Во секој случај идната „CLK “ ќе биде конкурент на „Audi A5“ и „BMW“ серија 4, a се очекува во продажба да излезе во 2015-та или 2016-та година.