4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавена процедурата за повластено користење на јавниот превоз

Објавена процедурата за повластено користење на јавниот превоз

Град Скопје на седница ја изгласа програмата со која се определуваат видовите на повластено користење на јавниот градски превоз, категориите лица со посебни потреби, кои имаат право на повластено користење на јавниот градски превоз, како и условите и постапката за стекнување на тоа право.

Заинтересираните граѓани, лицата со оштетен вид, лицата со оштетен слух, лицата со телесно оштетување, лицата со интелектуална попреченост, бубрежно болните лица, како и инвалидите на трудот, инвалидските пензионери и воените инвалиди, правото на повластено користење на јавниот градски превоз може да го остварат преку соодветните здруженија на граѓани организирани на подрачјето на град Скопје.

За остварување на правото на повластено користење на јавниот градски превоз во 2018 година заинтересираното лице со посебни потреби треба да поднесе барање до здружението на граѓани во кое членува, информираат од Градот.

Здруженијата на граѓани конечниот список на баратели што ги исполнуваат условите и за кои предлагаат добивање билети треба да го доставуваат до Град Скопје најдоцна до 29 декември годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП