1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајвисоко и најниско платените професии во САД за 2017-та

Највисоко и најниско платените професии во САД за 2017-та

Не е тајна дека некои професии се карактеризираат со многу повисоки плати од другите, но колку голема е разликата помеѓу најдобро и најлошо платените Американци?

Од „Career Cast“ го објавија својот годишен извештај за 2017-та година, во кој се наброени 10-те највисоко платени професии и 10-те најниско платени професии во САД за оваа година.

Во секој од графиконите се користи просечната плата за соодветната професија, која варира помеѓу државите и различните работодавачи и проценетиот раст на побарувачката за следните 10 години.

Најниско платените работни места во 2017-та:

10. Хигиеничар – 24.190 долари, (10% раст на побарувачката во текот на следните 10 години)

9. Препродавач – 23.870 долари (9%)

8. Препродавач на мало – 22.900 долари (2%)

7. Домашен асистент – 21.170 долари (40%)

6. Домашна слугинка – 21,820, долари (нема)

5. Служба за грижа за деца – 21.170 долари (7%)

4. Шанкер – 20.800 долари (2%)

3. Мијач на садови – 20.800 долари, (нема)

2. Касиер – 20.180 долари, (-1%)

1. Келнер – 19.630 долари (14%).

Многу од најниските плати се професии во услужниот сектор и во овие плати не е вклучен бакшишот, кој често може да сочинува голем дел од приходот на пример кај келнерите.

Од „GoBankingRates“, веб-страница која ги сумира податоците за кариера, забележува дека професијата Домашен асистент најверојатно ќе биде многу барана од генерацијата родена по Втората светска.

Послабиот очекуван раст на побарувачката за продажба на мало делумно да се должи на порастот на онлајн купувањето.

Највисоко платените работни места во 2017-та:

10. Фармацевт – 122.230 долари (6%)

9. Менаџер на воздушниот сообраќај – 122.410 долари (3%)

8. Подолог – 124.830 долари (10%)

7. Нафтен инженер – 128.230 долари (15%)

6. Стоматолог – 153.900 долари (17%)

5. Извршен директор – 181.210 долари (-3%)

4. Општ лекар – 190.490 долари (16%)

3. Психијатар – 194.740 долари (13%)

2. Ортодонт – 208.000 долари (17%)

1. Хирург – 409.665 долари (17%)

Седум од 10-те најдобро платени професии се од областа на медицината, што значи дека сериозната инвестиција во медицинското образование може долгорочно да се исплати.

Побарувачката за позиции како главен извршен директор се очекува да се намали во следните 10 години, но за повеќето позиции во медицинската сфера се очекува раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП