26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEni за рекордно време ги доби првите количини на гас од Зохр

Eni за рекордно време ги доби првите количини на гас од Зохр

Работата во наоѓалиштето „Зохр“ се движи со рекордна брзина. Тоа е отворено во август 2015-та година, а за само две години италијанскиот „Eni“ веќе ја објави својата прва екстракција на гас.

Компанијата објаснува дека всушност е рекордно време за развивање на наоѓалиште во таков обем и во таква длабочина. Издавањето на работни дозволи од страна на египетските власти траеше околу шест месеци – во февруари 2016-та година.

„Зохр“ се наоѓа на брегот на Египет, 190 километри северно од Порт Саид. Локалитетот е најголем досега отворен во земјата и во Медитеранот.

Другите енергетски гиганти се вклучија во истражувањето на нови полиња во регионот – од бреговите на Кипар и Израел, создавајќи нов гасовен триаголник.

Надежите се дека гасот од Медитеранот може да помине преку гасоводот „EastMed“ во Европа преку територијата на Грција. Ова ќе биде еден од начините за диверзификација на изворите и правците на природниот гас на Стариот континент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП