7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Chevrolet Silverado пристигна со хеликоптер (фото+видео)

Новиот Chevrolet Silverado пристигна со хеликоптер (фото+видео)

„Chevrolet“ направи спектакуларна презентација на новата генерација на својот пикап „Silverado“. На автомобилската патека „Texas Motor Speedway“, беа поканети клиентите на брендот, кои пристигна со своите автомобили.

За гостите беа организирани разни забави, а кулминацијата на шоуто дојде со појавата на новиот „Silverado“. Пикапот беше испорачан преку воздух на специјална хеликоптерска платформа која беше спуштена на земја.

Компанијата не открива технички детали за машината, бидејќи тоа ќе се случи на Детроитскиот саем во јануари. Фотографиите, сепак, покажуваат дека автомобилот има сосема нов преден дел, кој „Chevrolet“ го најави како „импресивен и модерен“.

Возилото доби нови предни светла и друга решетка на ладилникот. Задниот браник е променет и се поставени правоаголни издувни цевки. Постои огромен наптис „Chevrolet“ на покривот на багажниот простор.

Вкупно 8 модификации на „Silverado“ ќе излезат на пазарот, при што изборот на мотори се уште не е познат. Претходната генерација беше опремена со 4.3-литарски V6 со 285 КС, како и V8 со зафатнина од 5.3-литри (355 КС), 6.0-литри (360 КС) и 6.2-литри (420 КС). Исто така има и 6,6-литарски V8 со 445 КС. Цените на моделот започнуваат со 28.200 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП