1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ им ја намали прогнозата за раст, неизвесноста им штети

ММФ им ја намали прогнозата за раст, неизвесноста им штети

Меѓународниот монетарен фонд ја намали проценката за економскиот раст на Обединетото Кралство за 2017 и 2018 година бидејќи неизвесноста по повод Брегзит и штети на домашната економија.

Растот на бруто домашниот производ (БДП) на Британија ќе изнесува 1,6 проценти во оваа година, што е нешто пониско во однос на претходно проектираниот раст од 1,7 проценти, соопшти ММФ, пренесува BBC.

За 2018 година, меѓународниот кредитор предвидува понатамошно забавување на растот на британската економија на 1,5 проценти.

Директорката на ММФ Кристин Лагард истакна дека британската економија ја „гуши“ растечката инфлација и стагнирањето на платите, што ја огрничува куповната моќ, додека неизвесноста по повод исходот од Брегзит предизвикува британските компании да ги одложуваат инвестиционите планови.

Сепак, владата во Лондон, како што укажа Лагард, оставарила „значителен напредок“ во намалувањето на буџетскиот дефицит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП