19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се отстрануваат непрописно паркираните возила во Аеродром

Ќе се отстрануваат непрописно паркираните возила во Аеродром

Општина Аеродром во слединот период ќе врши отстранување на непрописно паркираните возила во соработка со пајак-службата и полицијата.

Од општината информираат дека ќе им се изрекуваат мандатни казни на возачите, кои ќе бидат фатени како непрописно ги паркираат своите моторни возила, или, пак, се движат по патеките, со цел да се зголеми еколошката свест кај граѓаните и да се подигне урбаното живеење на повисоко ниво.

Во оваа насока, жителите на општината се повикуваат да не ги паркираат своите возила на тревници, плочници и пешачки патеки.

Исто така, се упатува апел да не се паркира на местата одбележени за лица со хендикеп, за да им се овозможи остварување на нивното право на паркинг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП