3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа 10 дена истекува рокот за аплицирање за признанието „Најдобар млад научник“

За 10 дена истекува рокот за аплицирање за признанието „Најдобар млад научник“

Уште десет денови трае можноста за аплицирање на јавниот повик за избор на „Најдобар млад научник“ за 2017 година, признание што го доделува претседателот Ѓорге Иванов.

Јавниот повик е отворен до 31 декември за сите млади луѓе до 30 години, кои во досегашната научна работа имаат постигнато значајни научни резултати. Услов за конкурирање на заинтересираните е да имаат добиено награда или признание за научно-истражувачка работа, резултатите од научно-истражувачката работа да се објавени и применетост на резултатите од научното истражување за тековната 2017 година.

Доделувањето на признанието „Најдобар млад научник“, по иницијатива на претседателот Иванов, има за цел да го поттикне развојот и да ги стимулира вложувањата во науката, да ги поддржи научните установи и младиот научен кадар, но и да ги награди врвните научни достигнувања.

Признанието беше прв пат доделено од страна на претседателот Иванов во 2010 година, на м-р Никола Златанов.

Апликацијата за учество на јавниот повик треба да содржи биографија, реализирани проекти во 2017 година со кои се конкурира (во еден печатен и еден електронски примерок – CD) и доказ за државјанство на Република Македонија. Заинтересираните своите документите треба да ги достават до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија најдоцна до 31 декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП