7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRolling Stone доби нов сопственик

Rolling Stone доби нов сопственик

Списанието „Rolling Stone“ има нов мнозински сопственик. Медиумскиот инвеститор Џеј Пенске изјави дека неговата компанија „Penske Media“ купува 51 отсто од акциите на „Wenner Media“ од Њујорк.

50-годишното списание е најдобро познато за покривање на музички настани и поп-култура, но, исто така, се потпира на политичко новинарство и коментари. Списанието е создадено во Сан Франциско во 1967-ма година од Јан Венер и музичкиот критичар Ралф Глесон.

Оттогаш тој е под контрола на неговата компанија „Wenner Media“. Сингапурската компанија „BandLab Technologies“, исто така, поседува 49% удел во ова издание. Финансиските детали од договорот не се откриваат, но Венер ќе биде назначен за директор.

Списанието мора да се справи со потешката деловна клима во последно време, бидејќи целата издавачка индустрија мора да се прилагоди на се повеќе дигитално ориентираните читатели.

Пенкс изрази надеж дека „Rolling Stone“ ќе го продолжи својот развој со децении на различни медиумски платформи.

„Нашиот интерес за „Rolling Stone“ го потврдуваат нејзините луѓе, неговото културно значење и глобално признатиот бренд кој нема сериозен конкурент во негоата сфера на влијание“, вели Пенкс.

Со децении „Rolling Stone“ нуди мешавина на музички коментари и американска политика. Но, тоа е исто така познато по своите култни насловни, кои многу години се симбол на успехот и престижот на одреден музичар.

Но, неговата репутација како списание, со силно новинарство страдаше откако беше објавена лажна приказна во 2014-та година за наводното силување во кампусот на Универзитетот во Вирџинија.

Списанието ја повлече објавата во 2015-та година и плати парична казна за клевета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП