1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ бара помош од СТО, сака нови санкции за Русија

ЕУ бара помош од СТО, сака нови санкции за Русија

Европската унија соопшти дека бара одобрение од Светската трговска организација – СТО за воведување на годишни трговски санкции кон Русија во износ од 1,39 милијарди евра.

Официјален Брисел на таквиот потег се одлучи, бидејќи Москва, како што тврди, не постапила во склад со одлуката на СТО со која како незаконско е прогласено руското ембарго на увозот на живи свињи и свинско месо од Унијата, пренеусва Ројтерс.

ЕУ на 3 јануари ќе го достави тоа барање до Комисијата за решавање на спорови при СТО, со што ќе биде покрената нов случај против Русија.

Официјална Москва во февруари го загуби спорот пред СТО, и се согласи до 6 декември да постапи во склад со одлуките на трговската организација.

Од ЕУ наведуваат дека Русија тоа не го направила и бараат да им се дозволи воведување на санкции во вредност која е еднаква со вкупниот износ на тој извоз, кој ќе се зголемува за 15 проценти годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП