25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов крипто-шок: „Таткото“ на лајткоин продал се!

Нов крипто-шок: „Таткото“ на лајткоин продал се!

Креаторот на една од најголемите алтернативни криптовалути го продал својот удел поради како што наведе, „конфликт на интереси“.

Чарли Ли соопшти дека ги продал и поклонил сите свои „парички“ во последните неколку дена. На ваквиот чекор го натерале критиките од луѓето дека се обидувал да влијае на цената на лајткоинот преку своите „твитови“.

„Секогаш кога и да споделев за цената на валутата, без разлика дали е добра или лоша вест, бев обвинуван дека работам за лична корист.

Ли, кој е поранешен вработен во „Гугл“, во 2011-та ја креираше лајткоин како евтина верзија на биткоинот. Оваа недела, валутата е петта најголема криптовалута со пазарна вредност од околу 17 милијарди долари.

Ли не откри колку заработил од продажбата на валутата, но додаде дека неговиот потег не влијаел на цената на лајткоинот.

Оваа валута инаку забележа пад од 6 отсто, но таа паѓа веќе извесно време, па продажбата на Ли навистина не влијаеше на цената.

Сепак, тој додаде дека останува посветен на лајткоинот и на криптовалутите во целина.

„Не го напуштам лајткоинот во целина“, напиша тој.

„Секогаш ќе го минувам времето посветен на оваа криптовалута, и ако таа успее, и натаму ќе бидам награден на многу различни начини, а не директно преку сопственоста на тие пари. Сега верувам дека ова е најдобар начин да продолжам да гледам како лајткоинот расте“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП