29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенеска облачно и студено време

Денеска облачно и студено време

Времето денеска ќе биде до умерено облачно и студено со слаб до умерен ветер од северен правец. По одделни котлини претпладне ќе се задржи со значителна облачност. Температурата ќе достигне од -1 до 5 степени.

Во Скопје значително облачно со слаб до умерен северен ветер, а во текот на денот облачноста ќе се намалува. Температурата ќе достигне до 3 степени Целзиусови.

Според информациите на управата за хидрометереолошки работи, снег има наврнато во Берово со висина од 2 сантиметри, Пожаране и Крушево од 3, пет сантиметри во Дебар и најмногу, 12 во Маврово. Во Маврово била регистрирана и најниската температура во земјава од -11 степени, во Лазарополе и Крушево -10, додека во Берово боле измерени -9 степени.

Утре ќе преовладува сончево и студено време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во благ пораст.

Во сабота, пак, ќе биде променливо облачно и ветровито, а во северните делови и на планините ќе има услови за повремен слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер. Од недела продолжува стабилното и суво време, а од понеделник ќе има и позначителен пораст на дневната температура.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП