12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКабинет на Анѓушев: Инсталирањето калориметри е задолжително само за новите објекти

Кабинет на Анѓушев: Инсталирањето калориметри е задолжително само за новите објекти

Инсталирањето калориметри е задолжително за секој нов објект за кој е почната постапка за одобрение за градење, по влегувањето во сила на Законот за енергетика, а не и за објектите кои веќе се приклучени на дистрибутивната мрежа, појаснуваат од Кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев.

„Во новиот предлог-закон за енергетика се предвидува задолжително инсталирање мерни уреди (калориметри) за секој нов објект за кој е почната постапка за одобрение за градење по влегувањето во сила на овој закон, којшто ќе се приклучи на системот за дистрибуција на топлиниска енергија. За објектите кои се веќе приклучени на дистрибутивната мрежа, поставувањето мерни уреди не е задолжително, односно е оставено на избор на самите потрошувачи и со самото тоа ќе нема никакви наметнати дополнителни трошоци за постојните корисници“, појаснуваат од Кабинетот на Анѓушев.

Со цел вистинито информирање на граѓаните и спречување ширење дезинформации во јавноста, од Кабинетот апелираат до експертите од оваа област да даваат прецизни, точни и вистинити информации за деловите од предлог-законот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП