21 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗТесла го врати долгот од 465 милиони девет години пред рокот

Тесла го врати долгот од 465 милиони девет години пред рокот

teslaa

Добрата идеа е само еден од предизвиците за развој на успешен автомобилски модел. Проблемите најчесто се појавуваат кога ќе се дојде до финансирањето.

Дека проектираните планови на заокружена финансиска конструкција лесно може да се срушат сведочи и примерот на Фискер кој се најде пред банкрот затоа што останаа без прилив на нови средства и не се во можност да го вратат заемот кој го земаа од државата.

Судејќи по најновите вести Тесла Моторс успешно се бори со своите долгови, благодарејќи пред се на успехот на пазарот во САД. Компанијата која произведува луксузни електрични автомобили соопшти дека во целост го отплатиле долгот кон државата во висина од 465 милиони долари.

Тесла Моторс овие средства ги позајми од фондот на Министерството за енергетика на САД, а позајмицата е вратена девет години порано од предвидениот рок.

Оваа вест претставува извесно олеснување и за американската администрација затоа што некои од компаните кои ја развиваат „зелената“ технологија, а на кои владата им позајми пари или банкротираа или се наоѓаат во тешка финансиска ситуација.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП